Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Константина Настева Бојаџиева - Русинска

Родена е во Охрид во 1880 година. Основно образование завршува во родниот град а гимназија во Бугарија, по што учителствува во Охрид. Во македонското национално ослободително движење зела активно учество. Од Револуционерниот комитет била поставена да ги организира жените во Охрид да учествуваат и да го помагаат револуционерното ослободително дело и подготовките за спроведувањето на Илинденското востание. Била пример како жената – Македонка, учествувала во борбите на македонскиот народ.

Во 1901 година е на чело на друштвото „Успение на Богородица“ – женска организација на ВМОРО во Охрид, до крајот на 1903 година. Заедно со Поликсена Мосинова, Василка Размова и Клио Самарџиева го изработуваат познатото охридско востаничко знаме. Во 1902 година се запознава со Н.Русински. По Илинденското востание емигрираат во Бугарија, каде работи како учителка во с.Скравена. На 4 април 1904 година се мажи со Русински со кого има три деца.

За време на Првата светска војна,двајцата одат во Русиново,родното место на Н.Русински, каде таа работи како учителка во Берово од 1915-1918 година.

По војната, ја поддржува левицата во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, но по забраната (т.н.Обзнана) на кломунистичката партија, на 30 декември 1920 година, емигрира во Бугарија на 27 февруари 1921 година и се населува во Ќустендил.

Умира од пневмонија во 1932 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik